Донаторска емисија на Тек Румели, телевизијата од Истанбул

0
737

Утревечер на балканската телевизија Тек Румели чие седиште е во Истанбул, Турција, ќе се органзира емисија во живо со бројни градоначалници од тамошните општини и преставници на здруженија, а ќе биде посветена на катастрофалните поплави во Македонија. Целта на емисијата. како што вели новинарот Јусуф Емин е да се анимира јавноста за собирање на што повеќе донации за настраданите во скопскиот регион.

Вчера од турската општина Бурса седум шлепери со хуманитарна помош тргнаа за Македонија.