Донација на Лајонсите за малиот Ведран од Крива Паланка

0
510

Австралиската комапнија  Outsource To Macedonia во петокот донираше 10.000 австралиски долари за основање на фонд за школување на малиот Ведран Велиновски, детето херој од Крива Паланка, кое цели три часа се бореше со водената стихија од стравичните поплави кои го зафатија Скопје, додека не го пронајде неговиот татко. За жал неговата мајка Марина и шестгодишниот брат Јован го загубија животот во таа водена стихија, враќајќи се од годишен одмор.

Донацијата лично на Ведран ја врачи Љубица Ангелкова Манговска од Лајонс Клубот Битола кој е познат по реализирање на неколку донации со успешни македонци од светот во изминатите 10 години.

image-5-700x586

Ваквиот хуман гест ја потврдува заложбата на Лајонсите од Македонија преку служење на заедницата да дадат позитивни примери на човечност афирмирани на традиционалниот хуманитарен овој пат јубилеен 10 црно бел бал кој викендов се одржа во Битола.

Секоја година овој настан се организира во чест на одредена земја, оваа година тоа беше Црна Гора.

15129507_10154621088915505_79943780140215430_o
Лајонс Клубот Битола покажа дека умее да ги спои убавото и хуманото на најдобар начин покажувајќи дека добрите луѓе се среќа за овој свет.

15129515_10154621086700505_2838869390841965643_o

На хуманитарниот бал беа поделени награди и признанија, ги промовираа новите членови, а за почесен член на клубот беше избран проф. д-р Александар Стерјовски историчар од Битола.

Без коментари

LEAVE A REPLY