Донација за Клиничката Болница во Битола

0
1865

Клиничката болница во Битола денеска доби донација од Хуманитарната организација за помош и солидарност од Шведска. Донацијата се состои од медицински помагала и електронски апарати.
Донаторите беа во присуство на Мариа Русенгрен која што е битолчанка, а живее во Шведска, ова и е трет пат што има донирано во Клиничката Болница.

-Со задоволство работевме и успехот е многу голем ради тоа што ние сите процедури за две недели ги исполнивме и денеска се донесени донациите во Болницата. Она што е најважно е дека ги разгледавме сите работи и нема никакви проблеми и се што е донесено тука е со најдобар квалитет и сите сме задоволни, изјави Марија Русенгрен од НВО-Шведска

И додава дека до средината на декември ќе има уште една донација во Клиничката болница, бидејќи како што вели таа, соработката со новото раководтсво и со новата градоначалничка им носи успех.

– Вчера остваривме официјална средба со донаторите. Секогаш сум велела дека љубовта подадената рака и желбата некој некому да помогне апсолутно не треба да наиде на никакви бариери. Она што се усогласивме во тој разговор беше дека апсолутно не треба да постои никаква попреченост во одвивањето на целокупните подготвителни активности и до финиширање на еден ваков момент кој што сега го гледаме, токму таа констатација и таа усогласеност практично отвара верба дека во иднина вака подадената рака ќе биди топло прифатена во интерес на сите наши граѓани, изјави Наташа Петровска градоначалник на Општина Битола

Се што се донира во болницата е од значење. Преку оваа донација ги реализиравме потребите на болницата , рече новиот директор на Клиничката болница, Д-р Зоран Лазаров.

– Не би сакал да се враќам назад за тоа каква е Болницата, секоја помош е добредојдена. Со оваа донација ќе биди пополнета гинекологија, ВИП-собата при гинекологија, психијатрија и повеќе служби каде што има потреба, рече тој.

Донациите се Шведски производи. Инаку оваа донација чини 300.000 евра.