Донација за Сојузот на слепи лица во Битола

0
355

Компјутерска опрема со специјализиран софтвер кој ќе им овозможи на слепите лица да користат Интернет, денес беше донирана од институтот ГАУС и Хуманитарниот базар на НАТО во Сојузот на слепи лица во Битола.

Донацијата се состои од компјутерска опрема (10 лаптоп компјутери, печатач, мрежна опрема) и наменски софтвер за слепи лица (прилагоден на македонски јазик). Обезебедена е од Добротворниот базар на НАТО  во висина од 10.000 евра на Фондацијата за нови технологии, иновации и тренсфер на знаења, Гаус институт од Битола.

(Фото: СДК.МК)