Донесен законот за старото градско јадро во Битола

0
326

Во Собранието беше изгласан законот за прогласување на Старото градско јадро во Битола за културно наследство од особено значење. Од СДСМ не се согласуваа со законот, бараа да се повлече или доработи. Велат заштитата е императив, но со подготвени акти, правила и признати научни концепти. Пратеничката од СДСМ, Силјановска вели дека со опфатот во јадрото се опфатени 1730 објекти.

-Ако на ова се додаде дека во Битола се околу 300 споменици на култура, тогаш може да се пресмета колку околни објекти ќе бидат под режим кој ќе биде тешко спроведлив. Со овој закон половина Битола ќе стане ултимативна заштитна зона по закон за градба. Сопствениците ќе треба за секоја доградба да патуваат до Скопје, рече Јулијана Силјановска, пратеник од СДСМ во телефонска изјава за Тера. julijana

Со овој закон се озвозможува враќање во живот на спомениците и ревитализација на културното наследство на Битола, вели пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Илиоски.Со овој закон се уредуваат 4 урбани комплекси, во кои се заштитени објекти врз основа на елаборат.

-Во два комплекси, Стара чаршија и Широк Сокак ќе има построг режим на заштита, додека во другите два ќе има пофлексибилен режим. Овој закон беше донесен во интензивни контакти на Министерството за култура, Завод и Музеј, локалната самоуправа и пратениците, вели Зоран Илиоски, пратеник од ВМРО ДПМНЕ во телефонска изјава за Тера.ilioski

Што се однесува за граѓаните кои сакаат да градат, доградуваат или реконструираат во овие комплекси вели:

-Во Стара чаршија и Широк Сокак, секоја реконструкција ќе биде под будното око на Заводот и Музеј, во другите ќе бдие покомплексно. Се што можеа ќе можат повторно да прават, но ќе мора врз основа на одредени постапки и согледувања од стручни лица, вели Илиоски.

Силјановски вели дека јадрото во Битола заслужува да биде поддржано од буџетот.

-Широк Сокак, Старата битолска чаршија, Јени маале, Арнаут маало и други целини, заслужуваат исто како жичарницата во Скопје, барокните фасади, шпанските скали, бикови, лавови направени со парите на народот, вели Силјановска.

За Законот гласаа 60 пратеници, против немаше, а 25 беа воздржани.