Донесена програмата за животна средина

0
157

Советниците денес дискутираа за програмата за животна средина за 2015 година. Опозицијата имашр забелешка зошто оваа програма иако за 2015 година, се носи на средина од годината, но и други забелешки кои се однесуваа на самата содржина и изработка.Советничката од ВМРО НП, Снежана Стоилова праша зошто нема регистар на загадувачи, а на ова прашање одговори советникот за животна средина од општината, Љубо Атанасовски кој рече дека има еден инспектор на кој субјектите му праќаат извештаи, а тие субјекти се во регистар.

Атанасовски исто така дополни и дека со здружението „За нас се работи”, кое беше присутно на седницата, имаат постојано контакти.
Рече дека склучиле договор со фирма за мерењата кои ги бараа, но и здружението кои ги бараше, а мерењата ќе се извршат во јули.
Од „За нас се работи” сметаат дека има многу нејаснотии во програмата и дека била напишана паушално.
Иван Јерчиќ праша како може 40.000 денари да се одвоени за пошумување, а за избор на најдобро украсен новогодишен двор 50.000 денари.
Точката беше изгласана само со гласовите на мнозинството, опозицијата беше воздржана.