Донирај книга, купи книга-донација за поплавените региони

0
826

Битолчани со интересна акција за собирање средства за поплавените. Донирај книга, купи книга, а парите од продадените книги ги донираме за настраданите .

Повеќе здруженија како „Мабих“ на Р. Македонија со седиште во Битола, „Македонско-турското Здружение“ од Битола, „Друштвото на срби“ од Битола и многумина граѓани од Битола и пошироко, се вклучија во акцијата.  Кон неа се придружи и „Литературен клуб Изгрев“ од Демир Хисар и „Златно Перо“ од Битола,  и денеска во просториите на Здружението на Србите во Битола, во зградата на конзулатите, до Ресторанот ”Бар Корзо”, се донираа книги од повеќе жанрови, кои воедно ќе се продаваат. Доколку некој сака да донира, тоа може да го направи и во наредните денови. Нашите пријатели од другите градови, книгите можат да ни ги испратат на адреса: Македонско турско здружение ”Мустафа Кемал Ататурк”- Битола, п.ф. 180 Информации можете да добиете и на телефоните: 078/312-066, 071/251-352.Прибраните сретства се наменети за помош на Училиштата во поплавените подрачја. Книгите кои нема да се продадат ќе се испратат во Училишните Библиотеки во истите Училишта.