Донирани книги со Брајово писмо во библиотеката

0
366

 

Половина од членовите на Здружението на слепи лица во Битола, околу стотина, знаат да го читаат Брајовото писмо. Сега ќе имаат можност да прочитаат и три дела од македонската книжевност, кои од денес се дел од битолската библиотека, а се донација на Лајонс клубот Битола.

-Има многу луѓе кои го знаат Брајовото писмо и имаат голема желба да читаат, изјави Стевче Костадиновски, претседател на Здружение на слепи од Битола.stevce

Овие книги само ја збогатија понудата во библиотеката.

-Овој хуманитарен настан и донација ги поткрепуваме со нашата одлука за бесплатно зачленување на сите слепи лица и можноста во секое време да користат околу 300 книги, списанија и друг пишуван материјал со Брајово писмо, истакна Науме Ѓоргиевски, директор на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола.naume
Донирани беа книгите „Бегалка“, „Чорбаџи Теодос“ и „Печалбари“.

-Со овие книги сакаме да го поттикнеме читањето книги од лицата со оштетен вид, но и да го поттикнеме изучувањето на Брајовото писмо. рече Веле Стефановски, претседател на Лајонс клубот „Битола“.vele
-Од денес овие книги ќе се читаат во библиотеката, вели Марјан Танушевски, Лајонс клуб Битола.marjan

Промотивниот настан беше организиран во рамките на светската лајонистичка недела посветена на лицата со целосно или делумно оштетен вид и 9. Октомври – Меѓународен ден за заштита на видот.