Дополнителни субвенции за свињарството

0
419

Поради зголемениот увоз од Србија и нарушувањето на пазарот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство годинава, преку Програмата за директни плаќања, планира да обезбеди дополнителна поддршка во свињарството.

Како што вели ресорниот министер Михаил Цветков, дополнителните субвенции се предлагаат за да се зачува секторот.

– Во периодот од октомври до мај, кога ќе има пад на побарувачката на свинско месо, ќе обезбедиме дополнителни субвенции. Ако грлото е тешко над 120 килограми, одгледувачот ќе добие плус 1.000 денари. Поддршка ќе се дава и за чувањето на месото во ладилници, односно за тоа, државата ќе ги плаќа трошоците, објаснува министерот.

Без коментари

LEAVE A REPLY