Дополнителниот заменик министер во МВР во Битола

0
658

Дополнителниот заменик министер во Министерството за внатрешни работи Оливер Андонов и амбасадорот на Унгарија во  Македонија Ласло Дукс, денеска во Битола имаа средба со новата смена од контингентот унгарски полицајци кои учествуваат во обезбедувањето на јужната државна граница.

Шестиот контингент унгарски полицијаци е со цел да даде поддршка на македонската полиција и заеднички да вршат спречување на илегална миграција и справување со мигрантската криза, истакна Андонов.

Соработката меѓу унгарската и македонската полиција се одвива успешно и на сите нивоа, оцени унгарскиот амбасадор во Република Македонија Ласло Дукс

По завршувањето на заедничката средба, дополнителниот заменик министер во МВР Оливер Андонов ја посети СВР-Битола, а амбасадорот Ласло Дукс се сретна со почесниот унгарски конзул во Битола, Сашо Јанакиевски.