Досега 20 жртви во невремето во Скопје

0
1011

Во невремето што го погоди Скопје досега се пријавени 20 загинати лица во реоните на Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново, потврдуваат од МВР. Оттаму велат дека досега се идентификувануи 13 лица, а до утринава во скопските клиники примени се 22 повредени. Претходно беа пријавени 6 исчезнати, но се уште се утврдува дали тие се жртвите со оглед на тоа дека првичните информации укажуваа на 15 настрадани. Полицијата работи на утврдување на идентитетите на останатите жртви.