“Доста ги трпевме Вашите хирови”- порака на актерите

0
6224

После објавувањето на наградите на 52- то издание на македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински, на сцена излегоа актерите на Прилепскиот театарски ансамбл кои поклонувајќи и се на публиката истакнаа:

– Овој фестивал е поголем од сите нас.
Во историјата ќе останат сите ваши одлуки, но исто така кај публиката и целата театарска фела ќе останат во меморијата сите ваши хирови и лични интереси.
Оваа публика заслужува многу повеќе.
Со надеж дека нештата во Македонскиот театар ќе тргнат на подобро, се поклонуваме на нашата публика која останува единствен наш меродавен оценувач.