Доцна синоќа Советот на oбвинители едногласно ја назначи Катица Јанева

0
320

Советот на јавни обвинителите синоќа едногласно ја избраа Катица Јанева за прв специјален обвинител на Република Макеоднија.

Обвинителите кои дискутираа ја пофалија нејзината досегашна работа и рекоа дека Катица Јанева достојно ќе ја извршува функцијата .

Нејзината единствена задача ќе биде да ги гони кривичните дела кои се поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите .

Денеска се очекува Јанева да даде свечена заклетва пред Советот на јавни обвинители и со тоа ќе стане официјално првиот специјален обвинител во земјава.

Во текот на вчерашниот ден по итна постапка се завршија сите потребни процедури за нејзиниот избор –  договорот паднал рано наутро во Клубот на пратениците во Скопје, веднаш беше закажана собраниска седница за законот, па комисиска расправа, па гласање на пратениците, со авион законот бил пратен на потпис во Црна Гора каде е претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, па пак Собрание за избор на Јанева, па Совет на обвинители.