Дожд и услови за слаби грмежи

0
440

Утрово минималната во Битола 15 степени.  Наврнаа 32 л/м2 дожд до 8 часот.

sreda.Still001

Облачно и свежо со врнежи од дожд, со услови за ретки грмежи. Пообилни врнежи ќе има во јужните и западните делови од земјава. Кон крајот на денот ќе има намалување на интензитетот на врнежи. Ќе дува слаб до умерен источен и југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 16 до 22 степена.

sreda.Still002

Од утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

sreda.Still007