Дожд, на планините снег

0
277

Во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег, кои поради спуштање на многу студена воздушна маса од север ќе бидат проследени со засилен северен ветер.

Ова ќе предизвика значителен пад на температурата на воздухот и во попладневните часови врнежите и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег. Ќе се формира снежна покривка, особено на планините.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 8 степени, додека дневната ќе биде во интервал од 2 до 10 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 3 и дневна до 5 степени.

Во вторник времето ќе биде многу студено и ветровито со врнежи од снег со послаб интензитет и во пониските делови на земјава. Потоа следува стабилно време со постепен пораст на температурата.