Дожд за празниците

0
466

Времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Дневната температура ќе се движи од 14 до 18 степени.

Во сабота претежно стабилно време, умерено облачно со сончеви периоди, додека во северозападните и југоисточните предели ќе постојат услови за слаби врнежи од дожд. Температури од 15 до 25 степени.

Во недела и понеделник нестабилно време со поинтензивни врнежи од дожд. Индензивирање на врнежите се очекува во недела во попладневните и во вечерните часови, кога се очекуваат да наврнат и над 15 литри дожд, а во североисточните, источните и југоистопните предели и над 25 литри дожд. Во недела максималните температури од 14 до 24 степени, додека во понеделник ќе опаднат на максимални 10 односно 19 степени.