Дождот го изгасна пожарот во Македонски Брод, утрово активни се неколку пожари во Македонија

0
367

Врнежите од дожд го изгасија пожарот што беснее неколку недели во Македонски Брод. Според последните информации од Центарот за управување со кризи, состојбата со пожарите до 9 часот утрово е следна:

Југозападен Плански Регион
Пожарот во општина Кичево, кај месноста Фрлогоец (Женска Планина) на Бистра Планина е активен и со мал интензитет. Горат пасиште (сува трева и смрека) и нискостеблеста деградирана дабова шума.

Повардарски Плански Регион
Пожарот во Богомила е под контрола. Од пожарот во текот на вчерашниот ден беа зафатени и неколку прага од пругата. Со помош на месното население пожарот е ставен под контрола и е организирано дежурство во текот на ноќта.

Во општина Кавадарци пожарот во Галиште е активен, но под контрола. Горат нискостеблеста шума и смрека. На гаснење на пожарот работеа ЕЛС „Росоман“, месното население од Росоман, лица од ЈП „Македонски шуми“ и други. Во текот на денешниот ден се организираат нови активности за гаснење.

Пелагониски Плански Регион
Пожарот во близина на населените места Мажучиште, Мраморани и Горно Село повторно е активен во правец на с. Горно Село. Гори сува трева. Во текот на вчерашниот ден интрвенираа екипи на ТППЕ „Прилеп“, јавните претпријатија и ЕЛС, како и месно население. Состојбата на пожарот се менува поради неповолните временски услови, дува силен ветар кој го менува правецот на пожарот.

Источен Плански Регион
Пожарот кај с. Кованец, м.в. Милош, е локализиран. Интервенираа екипи на ТППЕ „Гевгелија“ и вработени во ШС „Кожув“ – Гевгелија.

Во текот на денешниот ден екипа од ЦУК, ДЗС, МЗШВ и ЈП „Македонски шуми“ врши извидување, набљудување и процена на состојбата со пожарите од хеликоптер.

http://makfax.com.mk

Без коментари