Доживотен затвор за македонски државјанин-припадник на ИСИЛ во Турција

0
505

Во Турција се осудени тројца припадници на екстремистичката организација Исламска држава на неколку годишни доживотни казни поради напад во 2014, кога се убиени еден возач на камион и двајца полицајци. Меѓу осудениците е и  Мухамед Зекири, македонски државјанин, кој вчера од судот во Анкара беше осуден на доживотна робија за учество во напади на ИСИС на територијата на Турција.

Тој е осуден заедно со уште двајца припадници на Исламска држава, Чендрим Рамадани од Швајцарија и Бенјамин Ху од Германија. Нападот, што го извршиле во 2014 година во градот Нигде, централна Турција, се смета за прв акт на насилство на членови на ИСИС на територијата на Турција.