ДПА ќе бара правична распределба на буџетот

0
342

ДПА денеска на прес-конференција обвини дека Албанците во Македонија се дискриминирани на економска основа и оти од 2219 поднесени, прифатен им е само еден амандман. Партијата ќе продолжи да бара фер и правична распределба на буџетот и правни механизми за да се гарантира оваа распределба.

– Во изминатите шест дена, преку 219 амандмани на ДПА за ребаланс на буџетот, Албанците беа во можност да видат јасен доказ за дискриминацијата што им се прави, во економска сфера, инфраструктурата, здравството, културата, образованието, отворање нови работни места…, рече пратеникот на ДПА Газменд Ајдини.

Буџетот, рече тој, е одраз на економските и развојните политики на земјата, и како таков, не треба да биде дискриминаторски.

Според партијата, од ДУИ и оваа година за Албанците не кажале ниту еден збор, туку тоа го сторил вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Без коментари

LEAVE A REPLY