Др. Фанка Гилевска со награда за најдобар млад офталмолог

0
625

На XI-тиот Конгрес за катаракта и рефрактивна хирургија кој се одржа на 24 октомври 2015 во Загреб, Др. Фанка Гилевска доби наградата за најдобар млад офталмолог за својот научен труд ЛАСИК – Први искуства, во конкуренција од 17 учесници од Хрватска, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина. На своето предавање таа ја презентираше тримесечната работа на Одделот за рефрактивна хирругија во Систина Офталмологија и првите постоперативни резултати на пациентите на кои им е направена ласерска корекција на диоптрија, следејќи го движењето на нивната видна острина од првиот па се до 30 – тиот постоперативен ден.

Нејзиното предавање остави впечаток на проф. Лилјана Зерголен Чупак која е директор на фондацијата Зерголен Чупак и на проф. Декарис Ива, претседател на Европската Очна Банка, кои одлучија наградата Зерголен Чупак, за најдобар научен труд во секцијата Млади офталмолози да и ја доделат токму на неа.

Фондацијата Зерголен Чупак е основана во 2009 година од Проф. Лилјана Зерголен Чупак и проф. Крешимир Чупак, светски познати и признати научници во своите области. Проф. Лилјана Зерголен Чупак, својот живот и труд го посветува на педијатријата и човечката генетика, додека проф. Крешимир Чупак на офталмологијата. Фондацијата Зерголен Чупак е основана се со цел да им помогне на младите лица да ги следат нивните стапки со финансиски донации за стручно и здравствено усовршување во тие области.