Драган Миновски е новиот директор на ЕЛЕМ

0
970

Професорот на Електротехничкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ Драги Миновски на предлог на Владата е новиот директор на АД ЕЛЕМ.

Христијан Мицковски, досегашниот претседател на УО и генерален директор на АД ЕЛЕМ, преку Фејсбук соопшти дека бил разрешен од Владата и им се заблагодари на сите за досегашната соработка.

Тој неодамна изјави дека АД ЕЛЕМ во првите шест месеци од годинава оствари нето добивка од 533 милиони денари или 8,6 милиони евра, а депозитите во неколку домашни банки заклучно со 31 јули изнесуваат 1.250 милиони денари, односно 20 милиони евра.

www.mkd.mk

Без коментари