Драган Трпковски бара национална пензија

0
397

Драган Трпковски е битолчанец кој цел свој работен век му го посветил на менаџерството, организирал турнеи, а соработувал и со познати естрадни уметници од поранешна Југославија. Но она по што е познат е што 35 години соработува со Собирот на трубачите во Гуча кој се одржува во српското гратче Драгачево и е еден од најпознатите фестивало на трубата во светот. Фестивалот го следат од петстотини илјади до милион посетители. Тој вели дека со негов ангажман, досега на Гуча настапиле повеќе од 35 културно-уметнички друштва од Македонија, повеќе од 20 оркестри, најмалку 20 пејачи и групи. Неговите колеги од поранешните ју-простори сите земале национална пензија, па затоа смета дека и тој тоа го заслужува.

-Сето тоа ми го плаќа Собирот, не друштвата, јас одев по градови на мој трошок. СЕ надевав дека еден ден друштвата ќе ми помогнат, ги имам сите документи, сите се на моја страна. Како моите колеги од другите земји имаат земено пензија, незнам, но сите земаат, а јас сум со најдолг стаж, изјави Драган Трпковски.  dragan 1

На годинешното издание на фестивалот, бидејќи е со најдолг стаж на фестивалот, имал обраќање пред четири илјадната публика. За да се прослави тоа, оркестарот му исполнил неколку музички желби.

-Јас му напишав во тој блок кои песни да влезат, меѓу нив прва беше „Битола мој роден крај“. Во шаторот од 4000 луѓе сите станаа и аплаудираа, плачев од радост. И таа слика ја оставив во Гуча. Толку ми е жал што оваа држава е слепа и ќора невидена, вели Трпковски.

Во меѓувреме, за опастанок се снаоѓа како може.

-Имам по некоја турнеја, ми пуштаат пари моите соработници. Мојата сопруга не зема пензија. Живеам прескромно во споредба со моите колеги од екс-ју државите кои земаат над 1000 евра пензија, вели Трпковски.penzija

Како благодарност за таквата негова голема ангажираност и посветеност за овој фестивал во изминатите години, тој од Собирот на трубите во Гуча има добиено голем број признанија, благодарници, плакети, а него видно место му е посветено и во Монографијата на Гуча. Годинава од општината Лучани каде што се наоѓа Драгачево го добил и признанието почесен пратеник на Гуча.