Драгарски повторно слободен, мак-гигантите во нова трка за неговиот потпис

0
558

Иако пред еден месец се договори со новиот член на српската Супер лига, Радник од Сурдулица, младиот дефанзивец Христијан Драгарски повторно е слободен фудбалер и на нешто повеќе од еден месец до крајот на преодниот рок е опција за најдобрите македонски клубови. Имено заради непочитување на договорените финансиски детали од договорот, Драгарски го раскина договорот на негово барање и чека нова опција за продолжување на кариерата. Пред да потпише за Радник, бившиот фудбалер на Пелистер беше во преговори со трите најдобри екипи од минатиот шампионат на Македонија: Вардар, Работнички и Шкендија, а истите екипи и сега ќе се обидат да го добијат. Сепак приоритет на изданокот на битолската школа, кој беше незаменлив во младинската репрезентација, повторно му е трансфер во странство. Во романската Конкордија одигра одлична сезона, но заради драстично намалениот буџет во новата сезона, ја напушти романската лига.