Драмата продолжува

0
2654

Државната изборна комисија и натаму е под силен притисок што побрзо да ги соопшти конечните резултати од предвремените парламентарни избори, како и да прецизира која партија колку мандати добила.

Наместо како што беше првично одлучено прес да се одржи во 19 часот, од ДИК пробија уште еден рок и засега нема можност да ги откријат преброените гласови и распределбата на пратенички мандати по изборни единици.

Едни тврдат дека има странски притисок за одземање на мандати на една партија, за сметка на друга, а се појавија и информации дека во ДИК се пребројува ливче по ливче, бидејки дел од електронските податоци не се совпаѓале со резултатите од терен.

Извесно е дека ниту во 20:30 нема да се случи прес конференцијата која беше најавана првично за 19 часот.