Драмата во Антверпен ја добија Турчинките

0
219

Турција – Германија 3:2 (25:20, 21:25, 20:25, 25:23, 15:12)

По успесите на турските клубови во европските купови, нова потврда за високата класа на турската женска одбојка стигнува од Антверпен. Турција се врати од 1:2 и ја совлада Германија со 3:2 за полуфинале на европското првенство за одбојкарки. Ердем, Јилмас, Ајдерим започнаа застрашувачки и откако измина првиот сет, сите помислија дека мечот брзо ќе заврши. Но германскиот блок проработе и постојано следеа грешки во смечот или технички грешки на Турчинките. При 2:1 за Германија, видео снимката ги спаси „црвените“ и успеаа да го свртат мечот и да влезат во тај-брек. Тука Турција пак го покажа својот карактер и од 6:8 успеа да се врати и да слави со 15:12 со ефектен крај на техничарот Јилмас. Ова е второ полуфинале во историјата на турската женска одбојка и преселба од Антверпен во Ротердам, каде Турција ќе има голема подршка од своите навивачи. Веројатно по домашните селекции, најмногубројни ќе бидат баш навивачите на Турција на одлучувачкиот викенд.