Драмски одликуван со Орден за заслуги за Македонија

0
275

Драмскиот театар од Скопје во годината кога одбележува 70 години постоење е одликуван со Орден за заслуги за Македонија, што го доделува претседателот Ѓорге Иванов. Веста за признанието ансамблот на театарот ја доби за време на балканската турнеја со претставата „Генетика на кучињата“, која синоќа ја играа во Београдско драмско позориште.

Годинава театарот на повеќе начини го одбележува јубилејот – со гостувања на други театри на матичната сцена, со балканска турнеја, разни манифестации, изложби.

Историјата на Драмскиот театар започна на 21 април 1946 година со премиерата на детската претстава „Силјан Штркот“. Три години подоцна театарот бил преимнуван како Куклен театар. Во 1958 година е создаден Младинско-детскиот театар, а во 1964-та, од Македонскиот народен театар се издвојува група проминентни актери кои му се приклучиле на овој театар. Драмски си го добил името во 1967 година. Театарот бил редовен учесник на меѓународни фестивали, од каде речиси секогаш се враќал со награди. Стериино позорје во Нови Сад и МЕСС биле најчеста дестинација.