Драстично намалено водството на Клинтон пред Трамп

0
262

Поранешната прва дама на САД и државна секретарка Хилари Клинтон, кандидат на Демократската партија за претседателските избори во ноември, води пред кандидатот на Републиканската партија, претприемачот Доналд Трамп, за пет процентни поени, додека на почетокот од седмицата разликата меѓу двајцата кандидати изнесуваше 12 процентни поени во нејзина полза, покажа анкетата на Reuters/Ipsos, чиишто резултати беа објавени во петокот.

Ова испитување на јавното мнение во САД спроведено од 22-ри до 25-ти август на 1.154 испитаници во сите 50 сојузни држави, покажало дека 41 отсто од американските гласачи ја поддржуваат Хилари Клинтон, додека 36 проценти се определуваат во моментов за Доналд Трамп, дека 23 отсто од испитаниците немале одлука за кого би гласале.

Клинтон во анкетите води пред Трамп од формалната номинација во јули со поддршка којашто се движи меѓу 41 и 45 отсто, а во вторникот ја имаше рекордната предност која изнесуваше 12 процентни поени.

Во друго засебно испитување на јавното мнение на Ipsos спроведено за Reuters, коешто ги вклучува кандидатите од помалите алтернативни партии, Клинтон има уште помала предност, односно ужива поддршка од 39 отсто од избирачите, додека Трамп има 36-процентна поткрепа.

Во оваа анкета либертаријанецот Гери Џонсон има поддршка од 7 проценти, додека Џил Стајн од Партијата на зелените има 3 отсто доверба меѓу американските гласачи./крај/мф/сн