Dreams – јубилејна изложба на фото кино клубот Битола

0
191

Dreams е насловот на изложбата која оваа година ФКК. Битола ја организираше во рамките на Бит Фест и која на многумина ќе им звучи прозаично, но кога е во прашање уметничката фотографија тоа се трансформира и добива многу поширока димензија во слободата на изразување на самите автори.
Се работи за јубилејна изложба односно 5 години постоење Фото кино клуб Битола.

– Ова е несекојдневна изложба која едноставно се наметна како предизвик да се поминат границите на свесното и преку своите дела фотографите да се обидат да допрат до другата страна, до несвесното-изјави Коста Дупчинов, претседател на клубот.

Целта на овој клуб е негување на фотографијата преку еден сериозен и активен пристап со обука и надградба на членовите, развивање на чувството за убавото и давање шанса на секој млад човек својот талент да го доразвие и подигне на повисоко ниво во фотографијата како уметничка дисциплина и форма на изразување. Важна компонента е и меѓусебното дружење на членовите, разговори и размена на искуства од областа на фотографијата и филмот, како и заедничка практична работа на терен со фотоапаратот во рака.

Голем дел од членовите на клубот учествувале на истакнати фотографски изложби во Македонија и странство, каде постигнале големи успеси освојувајќи бројни награди и признанија.

Фото кино клубот Битола соработува со други фотоклубови од Македонија и е член на Фото Сојузот на Македонија.