Друловиќ: „Во главата го имам тимот за Луксембург„

0
231

Фудбалската репрезентација на Македонија во петок ќе отпатува за Луксембург каде против домаќинот ќе го одигра натпреварот од седмото коло во Ц групата, во квалификациите за пласман на Европското првенство.„Луксембург е противник кој постојано напредува во последните години, поради тоа мислам дека нé очекува тежок натпревар. Веќе во главата го имам тимот кој ќе го започне натпреварот. Треба да одиграме офанзивно, да ја конторлираме играта и да бидеме конкретни во завршниците од нападите. Очекувам играчите да бидат дисциплинирани и ефикасни“ рече селекторот Друловиќ.