Дружба на битолчани со виртуозот на гитара Влатко Стефановски

0
443

 

Виртуозот на гитара Влатко Стефановски во кафе бар Интермецо, одржа дружба со битолчани преку музиката.

Уникатни перформанси на стари македонски песни како што се- Македонско девојче, Јовано Јованке, безвременскиот хит Џипси сонг, песната Сеир и многу други прозвучија во Битола.

Сеуште е актуелно видеото на интернет, од гитарската работилница на Влатко со повеќе млади луге во Крушево, за кои три дена додека истата се одржуваше Влатко им пренесе дел од тајните за свирење на гитара.

Пред неколку месеци заедно со камерниот оркестар на словенечката филхармонија го претстави проектот Оган и мраз во Скопје заедно со флејтистот и саксoфонист Васко Атанасовски, кој концерт не ја остави публиката рамнодушна.

Сета нивна енергија зачинета со виолините, виолончелата и контрабасот на Камерниот гудачки оркестар од Словенечката филхармонија направија вистински спектакл во Домот на АРМ.

Стефановски работеше на музiката на филмот Деца на сонцето, а во моментов работи на музиката од Ослободувањето на Скопје, кој филм во режија на Раде Шербеџија се снимаше и во Битола.

Оваа година Влатко нема да одржи концерт во Хераклеа, но за сите негови фанови најави концерт во есенскиот или зимскиот период.

Без коментари

LEAVE A REPLY