Дружење на децата со книгата преку настанот-Читаме сите заедно

0
236

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола во рамките на битолското културно лето, започна со спроведување на проектот Читаме сите заедно.
Следејќи ги светските трендови и текови на развој на библиотеките, со овој проект се нудат современи алтернативни форми на промоција и полуларизација на книгата поврзувајќи ги културата на читање книги со општата култура и цивилизациски развој на Битола.

Во спроведувањето се вклучени значајни личности од јавниот живот на Битола, љубители на книгата, кои преку својата животна приказна им го претставуваат значењето на книгите на децата, во постигнувањето на нивниот успех.

На првиот настан присутни беа Димитар Андоновски, Маја Андоновска Илијевски, Д-р Валетнина Илиева, Жанета Михајлова , Мартин Николовски, Иван Марковски, Радован П. Цветковски, Неда Маретиќ и Д-р Ели Тасевска Димовска.

Децата преку овој настан имаа можност да дознаат како книгите влијаеле на овие личности, да станат успешни и кои им биле омилените книги како деца.