Дружење со Ана Јовковска викендов во Хауз бар

0
520

Македонските граѓани во просек минуваат по пет часа пред телевизор дневно, слично како и американците кои се големи ТВ зависници. Но колку време одвојуваме за читање книги? Ретки се македонските автори чии книги се продаваат со ист интензитет како светските бестселери во нашите книжарници. Еден таков пример е книгата „Пулсoт и времето“ на новинарката Ана Јовковска.

Првиот тираж на книгата се продаде во рекордно брзо време од три месеци.

По паузата во која читателите беа гладни за делото кое ги сублимира мислите и разговорите на голем број афирмирани личности од јавниот живот, писатели, актери, уметници, професори, политичари и дипломати, „Пулсот и времето“ со нов тираж.

И овој пат Јовковска не се концентрира само на скопските книжарници, туку тргнува со нова промотивна турнеа низ Македонија како дел од нејзиниот личен ангажман за децентрализација на културата. Битола е прва на нејзината креативна мапа. Настанот е закажан за утре, сабота, 12 декмеври, во 13:30 часот во кафe бар „Хауз Бар“ на Широк Сокак и е замислен како отворена и интимна книжевна дружба со авторката, потпишување книги, а ќе има и моменти на изненадување :)

„Битола и Скопје го негуваат ритуалот на кафе-муабет. Ретко гледаме луѓе кои се седнати сами во кафуле со книга во рака. Во сабота во 13:30 часот ќе се обидам Широк Сокак да го претворам од шеталиште во читалиште :) – вели Јовковска.

Инаку рецензенти на книгата се Венко Андоновски, Никола Ристановски, Елизабета Шелева, Ферид Мухиќ, Дејан Дуковски и Александар Прокопиев.