Дружење со книгите во Хауз бар

0
984

По изгледот на светските метрополи, Хауз бар го продолжува трендот кој низ светот е посветен на промоција на читањето и на дружењето со книгите .Битолчани покрај секојдневната доза на кафе, имаа можност да се запознаат со најновите наслови на книги .
Иницијативата произлезе од идејата да се промовираат светските бестселери и луќето покрај читањето да се дружат и промовираат идеи.
Добредојдени беа сите, читатели, љубители, а и оние кои во секој момент знаат некому да поклонат книга. Бестселери, белетристика, популарна психологија, нови изданија и останато, беа дел од ова несекојдневно дружење.

Хауз бар од почетокот на својата работа до денес се наметна како инвентивно место во Битола како за македонската музичка сцена така и за промоција на светски имиња од диџеј и изведувачката сцена.
И денес Хауз бар ја продолжува својата мисија секогаш да биде во чекор со актуелните случувања .

Книжевноста е една од оние уметности што успеваат, создавајќи нови светови, поинакви од нашите, да го направат светот барем за момент подобро место. Имагинарната реалност во книгите ја има способноста да нè доведе , за момент да избегаме од реалноста што нè опкружува и да се најдеме во еден поинаков свет. Од тука и идејата да се спојат книжевноста и традицијата на Битола, во место кое ги спои непресушната страст за читање со релаксацијата во модерен кафе бар.