Дрва прво за роднините и пријателите

0
2760

Платените дрва некои се уште ги чекаат. Тоа пак создава нервоза во време кога треба да се стопли домот. Барале информации и велат последната станица им се медиумите. Јавно не сакаат да зборуваат, но електронски велат прашајте за нашите дрва, кои ги плативме, а не ги добивме.

Дугиот проблем за кој велат дека ќе се соочат е што дрва ке добијат? Прашавме и за тоа дали водени или суви, со оглед на обилниот дожд кој го зафати регионот.

Од ЈП Македонски шуми велат дека претходниот менаџерски тим во Битола имал преземено многу големи обврски за испорака на огревно дрво од 14.033 метри просторни, а до нивното заминување на 1 септември оваа година имале испорачано само 5533 метри просторни.

Од јавното претпријатие велат дека за новиот менаџерски тим остана обврската да испорача 8500 метри просторни од кои до 15 ноември оваа година се испорачани 6246 метри просторни или според нивната математика за два и пол месеци се испорачани повеќе дрва отколку за осум месеци.

Од таму велат дека граѓаните на Битола кои го имаа платено огревно дрво до месец август биле прескокнувани во испораката и истото било испорачувано на роднини, пријатели и други кои огревното дрво го платиле после нив.

Во одговорот до нас, од Македонски шуми велат дека во моментов се ангажирани голем број на возила од градовите кои гравитираат кон Битола и доставуваат огревно дрво кое е исечено пред да започнат врнежите од дожд, така што огревното дрво нема да содржи голема влажност и се надеваат дека до крајот на месецот ќе завршат со обврската за испорака.

Инаку грејната сезона започна на 15 октомври. Веќе еден месец без огрев се дел од граѓаните.