Дрва за огрев има, цената иста како лани

0
1268

30.07.drva

Шумското претпријатие Кајмакчалан во Битола има доволно количини на огревно дрво. Градот Битола и околината благовремено ќе биде снабдено со огревно дрво.Сите оние што уплаќаат дрвата ќе ги добијат до почетокот на грејната сезона согласно склучените договори.Побраувачката во споредба со лани е зголемена за 10% тоа е затоа што во овој момент најевтино е греењето со огревно дрво се движи од 60 до 80 просторни метри вели првиот човек на ова јавно претпријатие

30.07.stojanovski

 

 

Цените се непроменети и се исти како минатата година.ЕДен просторен метар даб чини 2661 денар а буката се продава по 2578 денари. Годинава за сите ранливи категории на граѓани како социјално загрозените лица, инвалидите, децата без родители дрва ги даваме за 10% поефтини. Се што треба да донесат граѓаните е потврда од надлежен орган. ЈП Македонски шуми има 10 годишен план и ние имаме 95% производтство на бука и 5 % производство на даб, и можеме да сечеме од она што имаме“, изјави Митко Стојановски ЈП Македонски шуми подружница Битола.

 

 

30.07.makedonski sumiОд Македонски шуми подружница Битола потсетија на забраната за движење во планина поради високите температури и опасност од пожари. Забраната е во период од 7 до 17 часот попладне , а доколку граѓаните имаат неопходност да одат во планина во овај период од подружницата во Битола треба да добијат дозвола.