Дрвца за подршка на обновлива и чиста енергија

0
361
Граѓанското здружение „Ден на дрвото – засади ја својата иднина, засадија дрвца  во знак на подршка за употреба на обновлива и чиста енергија  која е спој на „Засаден успех” на науката и практиката- технологијата, а во пресрет на државниот празник 8. Декември – Свети Климент Охридски – патрон на Универзитетот „Св. Климент Охридски”- Битола, чија членка е Ветеринарен факултет од која наука зависи и обновливата и чиста енергија.
Настанот имаше и едукативна цел за дечињата од основно училиште- како за полезноста од засадување, негување… на дрвца, а со тоа и на биодиверзитетот за чие одржување многу придонесуваат и биогасните централи кои се изградени во комплексот на „ЗК Пелагонија” АД Битола, а познати под името на трите објекти „Биогасни електрани Логоварди 1, 2 и 3″ на „Пелагонија Енерџи”.
Целта беше да нашата единствена мајка Планетата Земја- која е и единствено населена од луѓето во нашата Галаксија, ја оставиме што „поздрава” на идните генерации- нашите деца и потомци.
https://youtu.be/fU1FHcS14x4