Државата е најголем должник на „државата“

0
485

Јавни претпријатија, државни фирми, медиуми, аптеки, општини се најдоа на новата “Црна листа“ на должници. Забележливо е дека во првата петторка на должници се јавуваат две јавни пртепријатија.

На четврто место е Македонија пат кој по различни основи на државата и должи 6 942 262 евра. На петтото место според висината на долговите е Јавното претпријатие Македонски шуми кое има доспеани, а ненаплатени побарувања од 4 081 307 евра.

На априлската листа должници се наоѓаат и државните загубари како охридски ЕМО, прилепски Еурокомпозит и погонските единици на скопски Охис. Но тука не завршува бројот на должници основани од државата. Меѓу нив е и Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти кое должи 565 935 евра. На листата е националниот сервис  Македонската радиотелевизија заедно со Македонската радиодифузија. Така само МРТ должи 1 205 134 евра додека Македонската радиодифузија има долг од 294 764 евра.

На должничката листа се наоѓаат и општини и локални јавни комунални претпријатија. Така на пример должник е општина Карпош. Доспеани а неплатени долгови во вредност од 1 756 609 евра има и Тетовското јавно комунално претпријатие. Долг од 12 946 евра има и Федерацијата на фармери како и Сојузот на борци кој должи 20 382 евра.

На должничката листа се наоѓаат и илјадници приватни фирми од различни сектори, како прехранбената и фармацевската индустрија, како стотици физички лица.

На ново изјавената должничка листа се најдоа 4 593 граѓани и фирми за вкупен доспеан а неплатен долг од 256 милиони евра. Се работи за долгови доспеани до 31 јануари годинава а неплатени до 31 април по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси, акцизи и царини.

www.faktor.mk