Државата прогласи кризна состојба со мигрантите

0
3074

Државата прогласи кризна состојба со мигрантите. Илегалниот премин кај Грција се затвора за илјадниците бегалци  кои секојдневно доаѓаат во Гевгелија и го чекаат возот за Табановци.

Војската се очекува да биде распоредена долж зелениот појас кој бегалците го користат за влез во земјава. Колку војници ќе се испратат проценка на терен прави главен штаб, од АРМ за Алфа информираат дека се подготвуваат.
Засилената контрола е заради поголема безбедност на локалното население , ама и за посоодветен третман на мигрантите, објаснуваат од МВР
Формиран е кризен штаб под раководство на Центарот за управување со кризи кој ќе изготви план и насоки како да се дејствува. Тие што ќе успеат да влезат ќе се третираат како и до сега, односно ќе им се издава потврда за намера за азил.