Државна матура ќе се полага од вторник

0
358

Од вторник до 21-ти август во средните училишта, ќе се полага државна матура. Ќе полагаат оние матуранти кои во јунскиот испитен рок не беа тестирани или не успеаја да положат некој од предметите.

На 18 –ти август ќе се одржи испитот по задолжителниот предмет мајчин јазик и литература. На 19-ти август ќе полагаат матурантите кои одбрале странски јазик, в четврток ќе се спроведе испитот по математика, а в петок се испитите по предметите естетика, филозофија, хемија, физика, биологија, историја и бизнис.

На ова тестирање ќе треба да се појават 2229 матуранти кои не полагале во јуснскиот рок.