Државната награда „Мајка Тереза” оваа година ја добива битолскиот примариус . д-р Димитар Котевски

0
1244

Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза”, согласно Законот за државните награди на својата седница донесе Одлука наградата „Мајка Тереза” да му се додели на прим. д-р Димитар Котевски.

Државната награда „Мајка Тереза” во 2016 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери се доделува на прим. д-р Димитар Котевски.

Наградата на добитникот ќе биде врачена на 26.8.2016 година, во 14 часот, во Собранието на Република Македонија, соопшти Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза”.

Тера телевизија му честита на почитуваниот Др Котевски на наградата.