Државниот секретар на Ватикан Паролин во посета на бегалците во Гевгелија

0
756

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска неколку часа престојуваше во Гевгелија. Ги посети и мигрантите во кампот Винојуг, а за состојбите со бегалците го информираше заменик министерот Митко Чавков.

„ Па видете најделикатна точка е ова заедничко решение, досега не успеавме заедно  да размислиме.Мислам дека Европа може да го најде решението. Европа се разликува, особено во последните години по светските војни по овој хуманитарен дух, почитта на човековите права, така што постојат навистина добри услови заеднички да размислиме и да пронајдеме решенија“ рече Кардиналот Пјетро Паролин.
Кардиналот разговараше и со активистите на невладините организации и со затекнатите мигранти во центарот, најдолго разговараше со мајката и семејството на двете сестри од Авганистан кои се удавија во водите на Сува река при обидот илегално да ја преминат границата.