Државниот секретар од МВР е нов директор на УЈП

0
909

Државниот секретар во МВР, Анастасија Илиевска седна во директорската фотелја во Управата за јавни приходи.

Таа доаѓа на местото на Петар Есмеров, кој на оваа фунција беше недела дена откако неговиот претходник Кирил Миноски беше назначен за министер за финансии.

Илиевска дипломирала на Универзитетот  „Св.Климент Охридски” во Битола , Економски факултет Прилеп генерација во 1992 година. Во својата кариера од 2001 до 2014 работела како самостоен даночен советник во УЈП. Во периодот од 2009 до 2014 била член на советот на Општина Прилеп.