Државните институции се целосно фокусирани кон исполнување на итните реформски приоритети

0
341

Државните институции се целосно фокусирани на првите предлози кои треба да дојдат и како пакет во наредните денови и недели во делот на исполнување на итните реформски приоритети согласно барањето на извештајот на Европската Унија или наречен Извештајот на Прибе, истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

-Во повеќе области, тргнувајќи од областа судство, медиуми, администрација, областа безбедност и повеќе други, институциите со полна фокусираност, со сите капацитети работат да ги подготват првите чекори, драфтови и се она што е потребно за да се апочне еден процес на исполнување на овие барања кои генерално ќе бидат добри и за Република Македонија заради заканување на државата и институциите во истата, посочи Груевски кој додаде дека по нивното изготвување ќе бидат споделени со домашни и меѓународни експерти поради нивно дооформување.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека ќе бидат вклучени сите оние кои можат и треба да бидат инволвирани во разгледувањето на овие проекти.