Државните, пред полтичките интереси!

0
383

Германскиот специјален пратеник кој вчера пристигна во земјава со цел да го спасува договорот од Прижино и да посредува меѓу политичките лидери  го дели ставот на меѓународната заедница во однос на политичката криза.

Тој го повтори она што вчера го кажаа високите претставниците на Европската Унија, Федерига Могерини и Јоханес Хан дека партиските лидери мора да ги стават интересите на државата пред политичките.

„Мојот став е ист со последното соопштение на високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини. Значи треба државните интереси да се стават над политичките, изјави германскиот специјален пратеник, по средбата со лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи во Тетово.

Тачи, пак, само прокоментира дека состојбата е многу лоша, дури и полоша од пред Договорот од Пржино.

Во текот на вчерашниот ден, германскиот пратеник оствари средби и со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев.