Државно првенство во триатлон во Преспа

0
986
На брегот на Преспанското Езеро во Отешево денеска во организација на Триатлон федерацијата на македонија, а подржано од Општина Ресен се одржа Државното Првенство во Триатлон на кое учество зедоа преку 40 учесници од повеќе клубови во државата.
Државен Првак во Триатлон е старо новиот шампион Стојан Поповски кој патеката од 750 метри пливање, 20 километри возење со велосипед и 5 километри трчање ја помина за 1 час 5 минути и 55 секунди.
„ Овој успех преставува повеќегодишна напорна работа и тренинг, големи откажувања ,доследност  и голема внатрешна сила. Секако и искуството е голем фактор  со настапите на преку педесет европски и светски натпревари се стекнува неоходно искуство кое секогаш може да дојде до израз“  рече победникот на Државниот натпревар во триатлон Стојан Поповски.
„ Се надевам дека истиот ќе прерасне во традиционален и дека Преспа ќе преставува во иднина база за триатлон љубителите. Општина Ресен секогаш во рамките на своите можности ќе ги помага овие и сличните активности кои водат кон промоција на квалитативните вредности на живеењето од кои спортот е една од најзначајните“ рече градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски.