ДУИ го освежува тимот

0
2162

ДУИ не ја напушти Владата, само го освежува својот тим, изјавил генералниот секретар на партијата и досегашен министер за образование, Абдилаќим Адеми за ТВ 21.

Дека ДУИ, практично, останува во Владата, одговори синоќа во Струга и генералниот секретар на партијата Абдилаќим Адеми. Во разговор со новинар од Телевизијата 21 Адеми изјавил:

-ДУИ не ја напушти Владата, само го освежува својот тим.

За реакција на изјавата на Груевски, со која тој најавува дека ДУИ ќе понуди други кадри за функциите во Владата, Артан Груби, шеф на кабинетот на Ахмети одговори кусо, во пишана форма:

-Нема никаква промена во ставот на ДУИ: Ексклузивно Ахмети одлучува за следните чекори на партијата и одлуката е само негова.