ДУИ и СДСМ со иницијативи за помилувањето

0
423

Денеска се очекува до Собранието да пристигнат две иницијативи, на ДУИ и на СДСМ, за решавање на, како што велат втората пречка за излез од политичката криза – помилувањето на 56 лица на претседателот на државата.

ДУИ најавува дека ќе предложат амандмани за дополнување на Законот за помилување со кои претседателот ќе има право да ја укине аболицијата за сите 56 лица или одделно да ја повлекува на барање на лицата што ги помилува.

СДСМ бара Законодавно-правната комисија преку автентично толкување на Законот за помилување да донесе решение дека членот 11 од законот не постои и по таа основа Иванов не можел да донесе одлука за помилување.