ДУИ излезе од Владата?

0
672

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва ги повлекол сите министри и заменици министри од Владата на Република Македонија, објави портaлот Фактор.

Во соопштението се вели дека Раководството одлучило да ги потврди статутарните права и им ги ределегира сите извршни надлежности на претседателот Ахмети за да одлучи за идните чекори на ДУИ.

Претседателството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва одлучило да ги повлече сите сегашни претставници на партијата во извршната власт на Република Македонија,  потврди за НОВА Тв портпаролот на ДУИ – Артан Груби.

Одлуката е донесена вечерва во седиштитето на партијата во Тетово.