ДУИ ја нема напуштено владата, туку ќе изврши замена на своите кадри

0
381

ДУИ ја нема напуштено владата, туку ќе изврши замена на своите кадри, изјави во сабота претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање.

„Средба со претставници на ДУИ не сме имале, можеби ќе имаме. Не е точно дека сме останале само ние и СДСМ во владата. Од она што јас го имам разбрано, ДУИ ја нема напуштено владата, туку ќе изврши замена на своите кадри. Секоја политичка партија има право да изврши замена на своите кадри во владата, да понуди други кадри, се разбира тие да исполнуваат одредени предуслови со квалитетот, но има право за замена на своите кадри“, рече Груевски.