ДУИ му ги предаде на СДСМ мислењата за законот за албански јазик

0
637

ДУИ му го врати на СДСМ предлог-законот за албанскиот јазик со дополнувања во врска со неколку суштински прашања во врска со статусот, спроведувањето и неговата хармонизација со уставот. Алсат-М дознава дека предлог-законот кој бил работен и со помош на неколку експерти по уставно право, како и со Движењето за реформи во ДПА, бил испратен до СДСМ доцна попладнето.

На тоа му претходело негово разгледување од страна на лидерот на ДУИ Ахмети со потпретседателите на партијата кои во исто време се и членови на работната група на ДУИ со СДСМ.

Модалитетите за ова прашање се бараа два-три дена. Законот за албанскиот јазик, како и исполнувањето на другите точки од заедничката платформа на албанските партии, беа клучните услови на ДУИ за можна коалиција. Претходно денеска Ахмети изјави дека ДУИ нема да избрзува со одлуката, а потврди и дека синоќа за актуелните состојби разговарал и со претседателот на ДР-ДПА Зијадин Села.